Летна школа „Интегрирајќи култури/Преговарајќи нови субјективитети“, 25-28 јануари, 2007
Летната школа Интегрирајќи култури/Преговарајќи нови субјективитети беше иницирана со цел да се креира форум за дискусија по однос прашањето за тоа како новите европски субјективитети можат да бидат преговарани преку процесите на интеграција на нови држави и култури во променливите граници на проширена Европа. Дискусијата целеше да предложи алтернативни иднини за Европа преку ангажирање на светот на идеи и идеалите на меѓукултурен превод. Курсот беше дизајниран како двонеделна интензивна летна школа со крос-дисциплинарна структура. Проектот имаше тројна цел за развивање на академска исклучителност во одбраната тема, подобрување на наставните практики и збогатување на истражувачките вештини на учесниците. Главните теми беа развиени преку различни активности во рамки на програмата, вклучувајќи предавања, презентации, пленарни сесии, работилници и колаборативно истражување и проекти на пишување, засновани на три главни под-теми: Уметноста и културата како агенција на промена; Интегрирани култури/преговарани градови; Слики на разлика.
Проектот беше подржан од страна на Европската комисија- Erasmus –Jean Monnet study Centres и Владата на РМ – Секретаријатот за европски прашања.