Кураторско преведување (2008)

 
Кураторско преведување е проект на кој зедоа учество регионални и локални куратори, а беа држани и предавања од регионални, локални и интернационални куратори и теоретичари. Проектот Кураторско преведување ги истражуваше, контекстуализираше и доведуваше под прашање различните кураторски теории и практики. Потенцијалите на кураторската професија како средство за интеркултурно знаење, превод и продукција беа во фокусот на проектот. Преку различни предавања, работилници, презентации, конференции и средби, етаблираните куратори, теоретичари, уметници, новинари и млади професионалци ги адресираа специфичните професионални прашања за: Преведување на теоријата во курирање; Интеркултурно кураторско преведување и Преведувачки релации помеѓу кораторските концепти и уметничките дела. Проектот беше подржан од страна на Европската културна фондација и Министерството за култура на Македонија. 


Copyright © 2010 EvroBalkan