“Евреите во Македонија и Холокаустот“, 2010/2011
Целта на проектот “Евреите во Македонија и Холокаустот“ е да се соберат што е можно повеќе документи поврзани со животите, судбините и културата на Евреите во Македонија со посебен осврт кон периодот на Холокаустот, како и да се истражат документите во функција на поставување изложбена поставка во музеите на Македонија. Следствено, недостатокот на документи го поставува развивањето на архивското истражување како императивно. Дел од материјалите кои се однесуваат на предметната материја на Холкаустот во Македонија се во Архивот на Македонија и се достапни. Меѓутоа, голем дел од материјалите се наоѓаат во архиви надвор од Македонија, како на пример, Берлин, Белград, Вашингтон и Москва.
Проектот се стреми да ги истражи документарните материјали во архивите коишто сеуште не се истражени. Централниот интерес на проектот е насочен кон отворање на дискусијата за присутноста на еврејскиот дискурс како значаен инклузивен фактор во формирањето на историската и социо-културната слика на Македонија, а која што со периодот на Холокаустот несомнено добива нов изглед. Со тоа и присутноста на еврејскиот наратив стекнува ново читање низ прашањето: дали Холокаустот создава т.н. отсутно место за една од најдревните култури во светот ?
Проектот се состои од научно истражување, курирање на изложба, продуцирање на двојачина публикација и електронска база на податоци. „Евреите во Македонија и Холокаустот“ е едногодишен истражувачки проект на Институтот за хуманистички и општествени истражувања „Евро Балкан” (Скопје, Македонија), поддржан од Education, Audiovisual and Culture Executive Agency (Брисел).
„Апарат на животот и смртта“
Скопски саем на електронски уметности (SeaFair)
октомври 2010 година
Во својата програма Саемот ќе опфати интернационална изложба, дводневна конференција, работилница за биотехнолошка уметност, проекција и работлница за медиа хакинг. Саемот претставува обнова на традиционалниот SEAFair (Skopje Electronic Art Fair) кој имаше 6 изданија во периодот од 1997-2002, а кој своевремено претставуваше центар на новата медиумска култура во Југо-источна Европа. Овогодинешното издание во овој след е 7-мо по ред.Основан во 1997, SEAFair (Skopje Electronic Arts Fair), претставува прва манифестација од ваков тиоп на Балканот, поврзувајќи интернационални уметници, теоретичари и критичари кои работат во полето на новите технологии и медиуми. Од своите почетоциСаемот се етаблираше како интернационално и интеркултурно место за средба на уметностите и технологиите, поттикнувајќи дискусија за уметничките, филозофските, образовните и другите аспекти на процесите кои ја карактеризираат електронската култура и предизвиците на интернетот, биотехнологијата, генетичкиот инжинеринг и нано-технологиите. Куратор на фестивалот од самите негови почетоци е Мелентие Пандиловски, сегашен директор на Центарот за визуелни и културни истражувања.
Идејата на 7-мото издание на SEAFair со наслов “Апаратот на животот и смртта“ е да одговори на креативен начин на општествената еволуција во сферата на биополитиките и да ни помогне во визуализацијата на иднината. Имено, SEAFair 2010 ќе ја изрази приказната на уметниците, критичарите и уметниците кои се убидуваат на навигираат низ новоконструираните биополитички апарати, во еден изменет општествен контекст, чиишто правила се штотуку положени. Уметниците на изложбата ќе претстават широк дијапазон на пристапи – од хумористични и игровити до смртно сериозни – по однос начините на кои ги осмислуваме изворите на животот, нивоата и димензиите на живата материја, врските со смртта, модата и појавите. Насловот “Апаратот на животот и смртта“ се однесува на современиот контектс на растечка реконтекстализација на врските помеѓу државата, науката и културата. “Апаратот на животот & смртта“ ги истражува модалитетите на биотехнологии кои се развиваат и појавуваат, нивното влијание на биополитичките доктрини на биомоќта и био-доминацијата, во теоретски, уметнички, критички и културен контекст. Во еден таков контекст, фестивалот ги акцентира различните модуси на заемно рефлектирање на фундаменталните идеологии со општествените и економските параметри кои има потреба да бидат дешифрирани и ги истражува структурите на биополитичкиот апарат и начинот на кој неговата конструкција ја променува стварноста во која живееме.
Изложбата се оддржа во периодот 5ти – 20ти октомври во Музејот на современа уметност.
Конференцискиот дел на конференцијата ќе се одржи на 6-ти и 7-ми октомври, 2010, исто во Музејот на современа уметност.
Во соработка со Лабораторијата за молекуларна биологија при Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во рамки на фестивалот ќе биде одржана и четиридневна работилница за уметници од затворен тип. Учество на овогодинешниот Фестивал зедоа: Zoran Todorovic, Pier Luigi Capucci, Stanimir Panayotov, Michalis Pichler, Славчо Димитров, Denisa Kera, Polona Tratnik & Ajda Maric, Roy Ascott , Проф. Др. Сашо Попов Niki Sperou, Borjana Rosa, Petko Dourmana, Мелентие Пандиловски, Maja Kuzmanovic & Nick Gaffney, Marcello Marcado, Ubermorgen.com, Филип Јовановски, Eduardo Kac,Vladimir Todorovic, Rainer Matysik, Oliver Ressler и др.
Претставување на Chico MacMurtie&Amorphic Robot Works, уметници од Њујорк: Чико Маркмуртри, Надувливо архитектонско тело: Внатрешен простор, 2010
"Внатрешен простор" е третата и најскорешна инсталација на Надувливите архитектонски тела, развиена од Њурјоршкиот уметник Чико Макмуртри/Amorphic Robot Works, којашто ја користи иновативната надувлива технологија. Намерата е со "Внатрешен простор" да се инволвира публиката во потполност во внатрешните дејства на надувливата машинска средина.
Целта на делото е да биде индивидуално искуство на времето и просторот, одвнатре и однадвор.Еднаш кога машината ќе ве повика внатре и вие ќе прифатите со тоа што ќе влезете во просторот, станувате дел од скулптуралниот елемент, а публиката однадвор перципира како втонувате во внатрешниот простор и го искуствувате тоа од единствена поволна точка.
"Внатрешен простор" е развиен како 10-дневна работилница во Скопје со 12 македонски учесници, водени од Чико Макмуртри, во организација на Центарот за визуелни културни истражувања, Институт Евро-Балкан, со поддршка на CEC Artslink, Факултетот за ликовни уметности, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Изложбата во Националната галерија на Македонија е курирана од Мелентие Пандиловски и е подржана од Музејот на современа уметност – Скопје. Чико Макмуртри е меѓународно признат за неговите перформативни, роботски инсталации со големи димензии и интерактивна јавна скулптура. Toj е уметнички директор на Amorphic Robot Works (ARW), колектив кој тој го основа во 1991, а се состои од уметници и инженери, посветен на студијата и креацијата на движењето која е изразена во антропоморфни и апстрактни органски форми.Макмуртри работи во последните години на иновативните надувливи скулптури, кои се изложувани во Европа, Азија, Австралија и Америка: Birds, Experimental Art Foundation, Аделаида, Австралија (2006), Machines and Souls, Reina Sofia Museum, Мадрид (2008), Synthetic Times: Media Art China, National Art Museum of China, Пекинг (2008), Wood Street Gallery, Питсбург (2009), Museo Universitario de Arte Contemporáneo (MUAC), Мексико Сити (2009), eArts Beyond, Шангај (2009).
Продукција:
Уметнички директор: Чико Макмуртри
Куратор: Мелентие Пандиловски
Уметнички претставник: Луиз Каунерт
Пневматика, софтвер и електроника: Марк Шрегендорфер
Асистиран од: Горан Петровиќ, Горан Пискачев, Елена Ановска – Јовчева, Филип Хрисафов
Додатен развој на хардвер и софтвер: Тим Твилман, Крис Серито, со првобитен компјутерски хардвер од Френк Хаусман
Компјутерски помогнат дизајн и асемблажа: Јелена Мицевска, Билјана Стојановска, Ива Тремблиева
Скулптурална асистенција и асемблажа: Сотир – Хаџи-Николов, Александра Милошевиќ, Милена Тоневска, Димитар Торбаков
Студентски координатор: Ладислав Цветковски, асистент професор Факултет на ликовни уметности
Техничка поддршка на ФЛУ: Душка Видева
Работилница UGI Universal Health
(www.ugi-heal.me), user-generated illnesses, ноември 2010health/healing, treatments etc., водена од Ханс Берхард (UBERMORGEN.COM) уметник од Виена, Австрија. Работилницата се оддржа во Институтот Евро-Балкан., како дел од Саемот на електронски уметности - SEAFair (Skopje Electronic Art Fair) 2010 – Апаратот на животот и смртта. Ханс Бернард (Hans Bernhard) (A/CH/USA, *1973)
UBERMORGEN.COM
Ханс Бернард е писател, акционист и медиумски уметник кој работи во областа на медиумско хакирање, txt-модификација и мрежна уметност (net.art). Од средината на 90тите тој е чест предавач на конференции и универзитети насекаде во светот, и ги изложува своите дела во простории како што се Laboral Gijon (Шпанија), SFMOMA (САД), transmediale Berlin (Германија), Музеј на современа уметност во Токио (Јапонија), МОКА Тајпеј (Тајван) или Мумок Виена (Австрија). Ханс Бернард е еден од основачите на леѓендарната etoy.CORPORATION. Студирал визуелна комуникација, дигитална уметност и естетика во Виена, Сан Диего, Пасадена и Вупертал. Ханс Бернард обожува да привлекува внимание и е несигурен во однос на својата фризура.
Уметничко дуо создадено во Виена, Австрија, од страна на Лизвикс и Ханс Бернард. Зад UBERMORGEN.COM се наоѓа еден од најнеспоредливите идентитети, контроверзен и радикален, на современата европска техно-ликовно уметничка авангарда. Нивниот отворен опсег на концептуална уметност, цртање, софтверска уметност, пикселско цртање, компјутерски инсталации, мрежна уметност (net.art), скулптура и дигитален активизам (медиумско хакирање) го трансформира нивниот бренд во хибриден Gesamtkunstwerk. Комјутерот и мрежата се (зло)употребуваат за создавање на уметност и комбинирање на нејзините бројни форми. Постојаното амалгирање на фактот и фикцијата посочува на екстремно проширен концепт на работните материјали, кои за UBERMORGEN.COM исто така повлекуваат (меѓународни) права, демократија и глобална комуникација (влезно/излезни циклуси). “Ubermorgen” на германски значи „денот после утре“ и „супер-утре“.
„Конструкција на комуна“, октомври, 2010
Видео проекцијата на филмот “Конструкција на комуна“ од Дарио Азелини и Оливер Реслер, се оддржа на 18.10, во ЦК, Скопје. Проекцијата е дел од Саемот наелектронски уметности - SEAFair (Skopje Electronic Art Fair) 2010.