Библиотеката е еден од клучните сегменти на Институтот „Евро-Балкан“. Таа располага со над 4000 наслови, коишто се извор на информации потребни за истражувањата како за студентите на последипломските и докторските студии, така и за образовните проекти и програми. Станува збор за богат библиотечен материјал за подршка на студирањето и за истражувањата во рамките на институтот. Библиотеката постојано и систематски се обновува со најновите публикации.
Списокот со насловите достапни во библиотеката на Институтот Евро-Балкан можете да го преземете на следниот линк.
Пребарувањето е едноставно со клучен збор или со име на автор.