- Род, миграција, меѓукултурна интеракција (GeMIC) повеќе тука 

- Сексуалности во транзиција (2009.)

Дискурсите, моќта и сексуалните малцинства во транзициона Македонија е едногодишен истражувачки проект чијашто цел е да ја истражи корелацијата помеѓу хегеминиските дискурси за сексуалните малцинства, од една страна, и социјалниот и концептуален развоја на квир движењето и статусот и искуствата на опресија на сексуалните малцинства во Македонија во период на транзиција, од друга страна. Ова вклучуваше мапирање на промените кои ги имаат обележано двеве корелативни инстанци, општествените, културните и политичките причини како нивен извор, како и проблематизација на хегеминиските дискурзивни репрезентации и конструкции на сексуалните малцинства преку нудењето на заклучоци и препораки за идни акции и препораки за политики. 
Финансирано од: Фондација Ерсте Банк

Супервизорка на истражувањето: Проф. д-р Катерина Колозова

Главен истражувач: М-р Славчо Димитров

Проектот е реализиран во соработка со Одделот за визуелни и културни истражувања

Истражувачки проекти на Регионалниот семинар за родови/женски студии и Европски студии, 2004-2006.

Истражувањата се работени во периодот 2004-2006 година, а објавени во Идентитети: Списание за политика, род и култура, Том 6, бр. 1, 2007

Алкан, Ајтен, Тијана Милосављевиќ-Чајетинац и Викторија Гавритова: Проблемите со интердисциплинарниот карактер на женските/родовите студии: Примерите на Република Чешка, Македонија и Турција

Арсенијевиќ, Дамир, Маја Богојевиќ, Ајла Демирагиќ, Јелена Петровиќ и Сања Поткоњак: Мапирање на kлучните концепти во родовите студии и создавање на картографија на нивните балкански специфики

Александру, Марија-Сабина Драга: Промените и предизвиците во родовите стереотипи во романските телевизиски шоу програми во периодот на пристапување кон ЕУ

 

- Женската страна на приказната: Лични приказни за кризата во Македонија 2001

Предмет на истражувањето беше македонската криза видена низ перспективата на албанската и македонската жена. Намерата беше да се соберат мали, лични приказни запоставени од официјалната историја.

Истражуваа: Мируше Хоџа и Александра Бубевска

Објавено во Бубевска, Александра и Мируше Хоџа.

 

- Егзодусот на Македонците од Грција: Женски приказни за Втората светска војна и нивниот егзодус

Усна историја дадена преку приказните на 10 жени нуди ородена перспектива на настаните поврзани со егзодусот на Македонците за време на граѓанската војна во Грција.

Истражувањето го спроведоа Лидија Стојановиќ-Лафазановска и Ермис Лафазановски. 

Објавено во Стојановиќ-Лафазановска, Лидија и Ермис Лафазановски. Е

 

- Родова перспектива во градењето (имплементацијата и унапредувањето) на националната стратегија за борба против трговијата со луѓе

Проектот беше замислен како подготвителна фаза за претстојното сеопфатно истражување замислено да ги проучи сите аспекти на трговијата со луѓе за да обезбеди информации за процесот на градење и/или имплементација на Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе на Република Македонија. Тимот на Одделот за родови студии спроведе истражување кое помогна да се скенира ситуацијата во Македонија и да се откријат областите кои треба потемелно да се истражат во претстојното истражување. Тимот експерти кој работеше на проектот се состоеше од правник, социолог, психолог, експерт за човекови права и експерт за родови прашања. Заклучоците од работните средби, како и препораките на експертите се интегрирани во истражувачкиот извештај кој беше претставен на релевантните институции и на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција. Проектот траеше од мај до декември 2005 година, а го координираше Боби Бадаревски.

 

- Истражувања работени во 2001 и 2002 година година, објавени Колозова, Катерина (ур.) Истражувања од областа на родовите студии: Зборник Том 2/3. Скопје: Евро-Балкан пресс, 2003. 

- Даниела Адамова: Учеството на родовите во демократските процеси во образованието и нивната социјална компетентност

- Добринка Тасковска: (Не)присуството на родовите прашања во правото на Република Македонија

- Драгана Батиќ, Емилија Стоименова, Мирјана Ѓурчиновска, Весна Михајловска, Анета Апчева: Резилиентност на жени под ризик

- Маја Ангеловска-Панова: Улогата на жената во еретичките средини во Византија и во Западна Европа

- Боби Бадаревски и Марија Ивановска: Методолошкиот мултикултурализам разгледуван како истражувачка стратегија на родовите прашања во Македонија

- Софија Грандаковска: Свештенството на жената – именител на духовното мајчинство

- Лидија Стојановиќ-Лафазановска: Искуство и нарација: Статусот и равата на жената во мешаните брачни заедници

- Катерина Младеновска: Првата жена во хеленската митологија: Митот за првата жена Пандора – една од централните свети приказни во хеленската митологија

- Сашо Огненовски: Родовата деконструкција и македонскиот театарски концепт


- Истражувања работени во 2000 година, објавени Колозова, Катерина (ур.) Истражувања од областа на родовите студии: Зборник. Том 1. Скопје: Евро-Балкан пресс, 2002. 

- Витомир Митевски: Жената во хеленската и македонската херојска епика

- Славица Србиновска: Помеѓу биолошката и естетската креативност: Стереотипи за „женското“ во усната книжевност

- Катица Ќулавкова: Заѕидување на сенката: Млечен бел прав coitus methaphysicus лирската кон-текстуализација на жената во оралната традиција

- Лидија Стојановиќ Лафазаноска: Невино прогонета хероина – модел или императив?

- Добрила Милевска: Жени-светици во јужнословенската писмена традиција

- Елка Јачева-Улчар: Третманот на жената во народниот живот и во народната книжевност на Македонија

- Маја Бојаџиевска: Имагинарни жени: Излегување од сенката?

- Николина Кениг: Родители и ќерки: (Не)можта на половата улога во моделирање на родовиот идентитет

- Марионка Велева и Јадранка Владова: Учените жени на Македонија

- Лилјана Гушевска: Статусот на жената Македонка во семејството

- Митко Чешларов: Родовите стереотипи меѓу средношколците во Македонија

- Жарко Трајаноски: Идеологијата на женските невладини организации во Македонија

Copyright © 2010 EvroBalkan