ШКОЛА ЗА РОД И ПОЛИТИКА
Школата за род и политика фунционираше како алтернативна образовна институција која нудеше кратки интердисциплинарни курсеви со особена нагласка на родовата перспектива и феминистичката теорија. Секоја година Школата им нудеше 8-10 курсеви на околу 50 студенти со различен возрасен и образовен профил. Така, започнувајќи во 2002 и завршувајќи 2009 година, Школата понуди повеќе од 80 курсеви на повеќе од 400 запишани студенти. И покрај целните групи, намерите на Школата беа целосно демократски: идејата првенствено беше да се вклучи женското движење во образовниот процес. Сепак, припадноста на определена група никогаш не било услов за прием на Школата. Втората клучна целна група - додипломци и последипломци заинтересирани за областа на родовите студии - беше најлесно да се придобие, со оглед на тоа дека официјалното високо образование во Македонија не ја нудеше таа образовна област во годините кога Школата започна со работа. Интересот на студентите, кои курсевите ги прифатија како некој вид специјализација од областа на родовите студии, покажа дека има потреба од воведување на родови/женски/феминистички студии на додипломско и последипломско ниво.
Потенцијалните студенти се пријавува врз основа на јавен оглас, кој беше објавуван на почетокот на секоја календарска година. Кандидатите беа селектирани од комисија составена од предавачи на Школата и претставници на Одделот за родови студии.
Степенот на образование и возраста на кандидатите никогаш не биле основа за дискриминација во селекцијата на студентите. Мотивацијата на кандидатите и нејзината заснованост на автентичен интерес за критика на патријархалниот систем секогаш биле клучен критериум, заедно со капацитетот за критичко и независно мислење. Комисијата проценуваше дали определен/а кандидат/ка ги задоволува овие критериуми врз основа на писмото за мотивација.
Од 2003 до 2009 година, реализирањето на активностите беше континуирано поддржано од фондацијата Kvinna till Kvina. Првата година (2002), Школата беше финансиски поддржана од Olof Palme International Centre. Наставата во текот на еден семестар во 2003 година беше поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија и од Feminist Review Trust.
Директорка на курсот: Д-р Катерина Колозова
Координаторки:
Душица Димитровска Гајдоска
Драгана Каровска Чемерска
М-р Викторија Боровска
Наташа Заева
ОБУКИ
Програмата за обука/феминистичко образование
Серија напредни обуки од областа на родовите односи и човековите права за организациите што работат во областа на борбата против трговија со луѓе
Програмата подготвена за потребите на организациите кои работат во областа на борбата против трговија со луѓе понуди вовед во родовите студии и женските/човекови права, преку 5 еднодневни сесии:
1. Идентификување на трговијата со луѓе како облик на родово-базирано насилство;
2. Проучување на проблемот на трговија со луѓе како облик на родово-базирано насилство;
3. Адресирање на проблемот на трговија со луѓе како облик на родово-базирано насилство;
4. Развивање родова чувствителност;
5. Вовед во човековите права.
За слушателите беа обезбеди материјали за читање.
Број на слушатели: 15
Предавачи: Катерина Колозова, Боби Бадаревски, Јана Лозаноска, Весна Матијашевиќ-Покупец
Координаторка на проектот: Драгана Каровска Чемерска
Реализацијата на активностите ја поддржа Амбасадата на Федерална Република Германија и Мисијата на ОБСЕ-Скопје
Дводневна обука: „Вовед во основите на родовите и феминистичките студии“
Програмата подготвена за потребите на вработените во Институтот за парламентарна демократија (ИПД).
Обуката се состоеше од четири сесии:
1. Феминизмот и историјата на женските движења;
2. Патријархатот и женските човекови права;
3. Родот и родовата репрезентација;
4. Идентитет (и субјективитет): Род, сексуален идентитет; Етнички/национален идентитет наспроти родовиот идентитет
Број на слушатели: 5
Предавачи: Станимир Панајотов, Славчо Димитров, Софија Грандаковска, Весна Матијашевиќ-Покупец
Промоција на родовата освестеност: Споделување на знаење и искуство
Тридневна работилница организирана за група од 20 претставници/чки на женски, младински и невладини организации кои работат во областа на малцинските права, со особен акцент на чувствителните групи и групите под ризик од општествена исклученост. Под раководство на Рубин Земон, доцент на Институтот, две студентки на последипломската програма за родови студии-стипендистки на ОБСЕ, го споделија стекнатото знаење со дваесетте учесници/чки на работилницата. Тридневната сесија на учесниците/чките им понуди теориско знаење и практични вештини кои им помогнат во нивниот ангажман во областа на родовите права и правата на непривилегираните и општествено маргинализирани групи. На учесниците им беше обезбеден материјал за читање кој ќе им овозможи независно истражување и способност за компетентна дебата во дадените области.
Број на слушатели: 20
Координатор на проектот: Рубин Земон
Студентки-предавачи: Тулаха Тахир и Ајсел Мемет
Активностите беа поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Краток курс: Женската усна историја: Биографија и приказна
30 октомври – 2 ноември 2002 година, Институт „Евро-Балкан“, Скопје
Курсот го одржа Д-р Андреа Пето
Број на слушатели: 20