Родовите студии се занимаваат со прашањата за родовите улоги, идентитетот, статусот на жената и мажот во општеството и промените кои настануваат во различните периоди и на различни простори. Програмата од областа на родовите студии ги подготвува студентите да се здобијат со способност за анализирање на општествените и културните феномени, преку аспектот на родот и да се оспособат за кариера во различни сектори (јавни или приватни) каде се бара експертиза од областа на родовите прашања. Станува збор за студиска програма, која се однесува на мошне чуствителна проблематика поврзана со транзицијата кон политички плурализам, а која остана засенета заради ригидното толкување на плурализмот на политичка сцена во регионот т.е. сведување на плурализмот на етничка, религиозна или културна припадност, со што потполно се маргинализира прашањето за родовиот идентитет како политички легитимен.
Во рамките на студиската програма, свои модули ќе понудат:Доц. д-р Софија Грандаковска, Проф. д-р Весна Матијашевиќ Покупец, Доц. д-р Маја Мухиќ, Доц. д-р Александра Николоска, Проф. д-р Елизабета Шелева, Доц. д-р Јелисавета Благојевиќ, Проф. д-р Даша Духачек, Проф. д-р Иван Џапаровски, Доц. д-р Деспина Ангеловска и др.