Родова перспектива на трговијата со луѓе

Тргнувајќи од принципите за родова еднаквост и заштита на човековите права и слободи, целта на проектот беше да создаде општа истражувачко-теориска рамка преку која би се зголемила свеста и разбирањето на трговијата со луѓе, посебно на трговија со жени и деца заради сексуална експлоатација, како проблем на родово засновано насилство и полова дискриминација. 

Во рамките на проектот беа организирани три форуми:

27 февруари 2004 година: “Можни стратегии за борба против трговијата со жени заради сексуална експлоатација”, Филозофски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје

19 јануари 2004 година: „Трговија со луѓе: анализа на дефинициите“, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

15 декември 2003 година: „Човековите права на жените и трговијата со луѓе: проблемите на современото ропство“, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово

Излагањата, дополнети со неколку студии од областа на борбата против трговија со луѓе, се објавени во Каровска, Драгана и Боби Бадаревски (ур.) Родова перспектива на трговијата со луѓе. Скопје: Евро-Балкан пресс, 2004 

Активностите беа поддржани од Програмата за демократска соработка при Институтот за трајни заедници, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој

 

Родова перспектива во градењето (имплементацијата и унапредувањето) на националната стратегија за борба против трговијата со луѓе

Проектот беше замислен како подготвителна фаза за претстојното сеопфатно истражување замислено да ги проучи сите аспекти на трговијата со луѓе за да обезбеди информации за процесот на градење и/или имплементација на Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе на Република Македонија. Тимот на Одделот за родови студии спроведе истражување кое помогна да се скенира ситуацијата во Македонија и да се откријат областите кои треба потемелно да се истражат во претстојното истражување. Тимот експерти кој работеше на проектот се состоеше од правник, социолог, психолог, експерт за човекови права и експерт за родови прашања. Заклучоците од работните средби, како и препораките на експертите се интегрирани во истражувачкиот извештај кој беше претставен на релевантните институции и на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција. Проектот траеше од мај до декември 2005 година, а го координираше Боби Бадаревски.

 

Серија напредни обуки од областа на родот и човековите права наменети за групи од граѓанското општество кои се вклучени во борбата против трговијата со луѓе

Програмата подготвена за потребите на организациите кои работат во областа на борбата против трговија со луѓе понуди вовед во родовите студии и женските/човекови права, преку 5 еднодневни сесии:

1. Идентификување на трговијата со луѓе како облик на родово-базирано насилство;

2. Проучување на проблемот на трговија со луѓе како облик на родово-базирано насилство;

3. Адресирање на проблемот на трговија со луѓе како облик на родово-базирано насилство; 

4. Развивање родова чувствителност;

5. Вовед во човековите права.

За слушателите беа обезбеди материјали за читање.

Број на слушатели: 15

Предавачи: Катерина Колозова, Боби Бадаревски, Јана Лозаноска, Весна Матијашевиќ-Покупец 

Координаторка на проектот: Драгана Каровска Чемерска

Реализацијата на активностите ја поддржа Амбасадата на Федерална Република Германија и од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје




Copyright © 2010 EvroBalkan