Регионална мрежа за родови/женски студии во Југоисточна Европа повеќе овде
Центар за поддршка и развој на наставните програми од областа на родовите студии во високото образование (заедничко тело на Одделот за родови студии и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Проект на Истражувачкиот Центар за родови студии и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој функционира како заедничка автономна програма. Главна цел на проектот беше да понуди опиплив континуиран придонес кон интеграцијата на родови (женски) студии во високото образование во Македонија во смисла на интегрална академска област како и во смисла на критичка перспектива интегрирана во постојните дисциплини. Резултат на двегодишните активности беше преглед на курсевите од областа на родовите студии кои се застапени во наставните програми, преглед на курсевите кои се во фаза на воведување и преглед на курсевите кои ги земаат предвид родовите разлики и феминистичката перспектива. Тимот подготви ревизија на општата рамка на курикулумите за неколку факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ врз основа на која беше развиена скица за последипломски студии од областа на родовата теорија.
Регионален семинар за родови/женски и европски студии 2004-2006: Родови и женски студии во Југоисточна Европа: Промислување на идеологиите и стратегиите за нивна евроинтеграција повеќе овде
Подигање на свеста во врска со родовите прашања во средните училишта во Република Македонија повеќе овде
23-25 март 2002, Работилница: „Развивање на наставната програма за родови студии во Југоисточна Европа“. Предаваа Проф. д-р. Светлана Слапшак и Проф. д-р. Елизабета Шелева