Издавачката куќа Евро-Балкан пресс е основана во 2001 година во Скопје, како надополнување на научно-истражувачките и образовните активности на институтот ЕВРО-БАЛКАН. Евро-Балкан пресс е посветен на обезбедувавање квалитетни преводи на стручна литература од општествените и хуманистичките науки, неопходни за новите генерации млади истражувачи, кои своите магистерски и докторски студии ги комплетираат на македонските факултети и институти, вклучително и Евро-Балкан.
Во двете свои едиции Крстопати и Дионис, Евро-Балкан пресс објавува исклучиво дела кои претходно не биле преведени на македонски јазик.
Во едицијата Крстопати доминираат дела од највлијателните современи американски и европски автори од областа на антропологијата, историјата, религијата, филозофијата, политиката, економијата и етнологијата. Во едицијата Дионис доминираат преводите на антички трагедии и комедии, незаобиколни модерни театролошки дела и дела од областа на родовите прашања.
Евро-Балкан пресс е добитник на наградата за најдобар дизајн што ја доделува Фондацијата Институт отворено општество - Македонија година за книгата Балканот од Марк Мазовер во 2003 година.