Тргнувајќи од основата идеја да понуди непристрасен и академски заснован пристап во третирањето на разновидни теми, преку иновативни начини на развој на наставните програми и примена на образовните методологии, ОЛУ ги зацрта следните цели:
- Да понуди нови, современи академски содржини и пристап;
- Да воведе демократски вредности и вредности на граѓанска одговорност;
- Да воспостави меѓународни алумни;
- Да воспостави врски со универзитетите од целиот свет како пристап до меѓународното знаење;
- Да обезбеди ефективна и ефикасна академска програма која има за цел да ги обнови постојните наставни програми во областа на општествените и хуманистичките науки;
- Да ги унапреди наставните и истражувачките вештини на младиот наставен кадар;
- Да функционира како форум за отворена дебата околу современите политички, општествени, културни и образовни прашања;
- Да создаде област за регионална соработка и да воспостави врски меѓу академските заедници од регионот и надвор надвор од него;
- Да обезбеди продуктивна локација на која научната елита ќе комуницира и ќе ги понуди своите опции за релевантните општествени настани;
- Да создаде отворен форум за комуникација и размена на идеи за развојот на наставните програми и нивните образовни методологии.