18-09-2016 19:50

Четврта меѓународна научна конференција на тема: „Науката - подршка на развојот во Југоисточна Европа“ .

Институтот за дигитална форензика при Универзитетот Евро Балкан - Скопје ја организира

Четврта меѓународна научна конференција на тема:
„Науката - подршка на развојот во Југоисточна Европа“.

Конференцијата се организира да се согледа влијанието на науката – како подршка во развојот на Југоисточна Европа.

Конференцијата е посебно наменета за студентите од вториот и третиот циклус на студии со цел да се оспособат за пишување и презентирање научно - стручни трудови, а останатите учесници да ги пренесат своите најнови истражувања во посочените области.

Најдобрите трудови според мислењето на рецензентите и научниот одбор на конференцијата ќе бидат објавени во списанието кое ќе биде издадено по завршување на конференцијата.

Трудовите треба да бидат од следните области:

  • Компјутерски науки
  • информатичко-комуникациски технологии

  • форензика, електронски криминал и дигитална форензика

  • компјутерски мрежи и комуникации

  • софтверско инжинерство

  • електотехника, електроника, енергетика, автоматика

  • е-бизнис и електронско банкарство

  • компјутерска графика и мултимедија

  • виртуелна реалност и проширена стварност

  • образовен софтвер

  • човекови права и феминизам

  • насилство врз жените

  • жените и пазарот на трудот

  • родово образование

  • родова интеграција и родова рамнопрвност

  • жените и репродуктивните политики

  • учество на жените во донесувањето одлуки

  • информатичко-комуникациски технологии и деца со посебни потреби

  • информатичко комуникациската технологија во медицината и хуманистичките науки

  • новите форми на криминалитет предизвикани од научно-технолошкиот развиток

  • адаптацијата на националните безбедносни системи во услови на глобалните општествени промени

  • социопатолошките појави во современи услови

  • правна информатика

  • етика, компјутерска етика

  • социјални мрежи

  • бизнис менаџмент

  • проектен менаџмент

  • економија и бизнис економија

  • предизвиците на новите технологии

  • влијанието на научно-технолошкиот развиток врз дизајнот и уметноста;

  • нови простори во уметноста и дизајнот

  • маркетинг, маркетиншки истражувања и стратегии

  • маркетинг и информатичко-комуникациски технологии

  • археологија и археолошка форензика и друго.

 
Пополнетата пријава заедно со апстрактот да ги испратите на следнава е-маил адреса: forenzica@gmail.com  

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan