10-11-2016 13:35

Договор за соработка

Договорот е склучен со цел да се развие меѓусебната соработка во процесот на едукација и во научно-истражувачката дејност.

Потписници на договорот се в.д. Ректорот на „Евро-Балкан“ проф. д-р Драгор Заревски и Ректорот на Универзитетот ФОН проф. д-р Нано Ружин.

Универзитетите се договорија за размена на академски кадар во однос на предавања, наставна и истражувачка работа, размена на студенти и млади научни соработници, размена на учебници, списанија, публикации и друга научна литература, размена на наставни планови и програми со цел ограниизрање на заеднички студии за дипломски, специјалистички, последипломски и докторски студии.

Соработката ќе се одвива и во однос на истражувачки проекти, како и заедничко учество во научни и образовни програми финаинсирани од Европската унија.

Универзитетите се договорија и за организација на научни конференции, симпозиуми, семинари, научни и стручни работилници.

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan