14-06-2016 12:00

К О Н К У Р С За избор на наставници и соработници во сите наставно-научни, научни, односно наставнички звања

Врз основа на членовите 121, 124, 125, и 131 од Законот за високото образование и Правилникот за избор во звања на Универзитетот „Евро-Балкан“, за потребите на единиците во состав на Универзитетот - Факултетот за студии на Југоисточна Европа, Факултетот за студии на културата, Факултетот за социјална антропологија, Високата школа за финансии и банкарство, Високата школа за моден дизајн, Институтот за општествени и хуманистички науки и Институтот за дигитална форензика, распишува:

К О Н К У Р С

За избор на наставници и соработници во сите наставно-научни, научни, односно наставнички звања

 

Се објавува Конкурс за избор на наставници и соработници во сите наставно-научни, односно научни или наставни звања на Универзитетот „Евро-Балкан“- Скопје, и тоа:

ФАКУЛТЕТ ЗА СТУДИИ НА ЈУГО-ИСТОЧНА ЕВРОПА

  1. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле политички науки, област политички науки (основи, теорија, методологија, историја, друго);
  2. Еден  наставник од  научното подрачје општествени науки, научно поле политички науки, област граѓанско општество, политички партии и интересни групи;
  3. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле правни науки, област современи политички системи;
  4. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле социологија, област општа социологија;
  5. Еден наставник од научното подрачје хуманистички науки, научно поле историски науки, област општа историја на новиот век;
  6. Еден соработник од научното подрачје општествени науки, научно поле политички науки, област граѓанско општество, политички партии и интересни групи.

ФАКУЛТЕТ СТУДИИ НА КУЛТУРАТА

  1. Двajца наставници од научното подрачје хуманистички науки, од областите на научното поле наука за книжевноста;
  2. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле социологија, област масовни комуникации и информации;
  3. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле социологија, област социологија на култура;
  4. Еден наставник од научното подрачје хуманистички науки, од областите на научното поле историја на уметност;
  5. Еден соработник од научното подрачје хуманистички науки, научно поле лингвистика, за англиски јазик и турски јазик;
  6. Еден соработник од научното подрачје хуманистички науки, научно поле лингвистика, за англиски јазик и албански јазик;
  7. Еден соработник од научното подрачје хуманистички науки, научно поле лингвистика, за грчки јазик;
  8. Еден соработник од научното подрачје хуманистички науки, научно поле лингвистика, за англиски јазик и македонски јазик.

ФАКУЛТЕТ ЗА СОЦИЈАЛНА АНТРОПОЛОГИЈА

  1. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле антропологија, област социјална антропологија;
  2. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле антропологија, област, културна антропологија;
  3. Двајца наставници од научното подрачје хуманистички науки,  научните области од научно поле археологија;
  4. Двајца наставници од научното подрачје хуманистички науки, научно поле етнологија и етногенеза, научна област фолклористика;
  5. Еден наставник од научното подрачје хуманистички науки, научно поле етнологија и етногенеза, научните области материјална култура, социјална култура и духовна култура;
  6. Еден соработник од научното подрачје хуманистички науки, научно поле етнологија и етногенеза, научните области: материјална култура, социјална култура и духовна култура.

ВИСОКА ШКОЛА ЗА ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

  1. Четири наставници од научното подрачје општествени науки,  научните области на научното поле економски науки;
  2. Двајца соработници од научното подрачје општествени науки,  научните области на научното поле економски науки.

ВИСОКА ШКОЛА  ЗА МОДЕН ДИЗАЈН

  1. Еден наставник од научното подрачје хуманистички науки,  научно поле историја на уметност, област друго;
  2. Еден наставник од научното подрачје хуманистички науки,  областите од уметничкото поле ликовна уметност;
  3. Еден наставник од научното подрачје техничко-технолошки науки, научно поле текстилна технологија, научна област дизајнирање на текстил и облека
  4. Двајца соработници од научното подрачје хуманистички науки,  областите од уметничкото поле ликовна уметност.

ИНСТИТУТ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ И ХУМАНИСТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА

  1. Двајца наставници од научното подрачје хуманистички науки, научните области од научното поле филозофија;
  2. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле социологија, научна област социологија на етнички групи;
  3. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле социологија, научна област социологија на македонското општество;
  4. Тројца наставници од научното подрачје општествени науки, научно поле социологија, научна област социјална антропологија;
  5. Двајца наставници од научното подрачје хуманистички науки,  научните области од научното поле историски науки;
  6. Двајца  наставници од научното подрачје општествени науки, научно поле правни науки, научни области управно право, граѓанско право, казнено право или трудово право.

 ИНСТИТУТ  ЗА  ДИГИТАЛНА  ФОРЕЗНИКА

  1. Еден наставник од научното подрачје техничко-технолошки науки, научните области од научното поле графичко инженерство;
  2. Двајца  наставници од научното подрачје техничко-технолошки науки, научните области од научното поле компјутерска техника и информатика;
  3. Двајца  наставници од научното подрачје природно-математички науки, научните области од научното поле информатика
  4. Еден наставник од научното подрачје општествени науки, научно поле безбедност, научна област криминалистичка методика и општа криминалистичка теорија со криминалистичка тактика

Б. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите за избор-реизбор во наставно-научно звање,  предвидени со Законот за високото образование.

В. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги доставуваат во оригинал, или заверени копии на нотар, овие документи:

Во наставно-научно звањедоцент, редовен и вонреден професор:

                        • Наставно-научно звање, со Одлука на компетентен орган- Наставно-научен совет на високообразованта институција, доколку има;

                        • Диплома за научен степен  доктор на  науки од научната област во која се избира;

                         • Список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);

                        • Кратка  биографија (CV);

                        • Потврда за познавање на англиски јазик;

                        • Уверение за државјанство или копија од пасош

  • Листа на положени испити со просек на успех за лица што за прв пат треба да бидат избрани во наставно-научно, научно или наставно звање (доценти)

ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР ВО НАСТАВНО-НАУЧНИ, НАУЧНИ, НАСТАВНО-СТРУЧНИ И СОРАБОТНИЧКИ ЗВАЊА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЕВРО-БАЛКАН“ – СКОПЈЕ

ТАБЕЛА ЗА ИЗБОР

Конкурсот трае 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето во дневен печат

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавување на конкурсот). Пријавите и документацијата по конкурсот кандидатите да ги достават лично или по пошта на адреса бул. Александар Македонски 24, 1000 Скопје.

Информации на тел: (02) 3075570

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan