11-01-2012 11:31

Конкурс за запишување на Курс по монтажа на слика и тон во соработка со најголемата ТВ продукција во државата, Томато Продукција

Сакате да станете видео монтажер? Да стекнете практични знаења за една од најбараните професии во Македонија? Сакате да научите како правилно да монтирате и режирате снимени материјали, како се прават атрактивни тв реклами, видео спотови?

Институт Евро-Балкан во соработка со најголемата ТВ продукција во Македонија  -„Томато“ ви нуди единствена можност да бидете дел од една интересна и практична обука. За најдобрите учесници во курсот, Томато продукција нуди можности за волонтирање, напредување и идно вработување.

За време на наставата ќе се запознаете со следните содржини:

-  теорија и историја на филмската и тв монтажа и постпродукција

-  запознавање со и употреба на компјутерски програми за монтажа и обработка на слика и тон, како Adobe Premier и Final Cut

-  методи на имплементирање на монтажните постапки како семантички основи за филмска и тв постпродукција

-  технологија на изработка на филмски и тв проекти

Ќе навлезете во малите тајни на големите филмски автори кои низ пораките и ритамот на монтажата означиле период од вашиот живот.

По совладувањето на образовната програма Монтажер на слика и тон ќе можете  активно да се вклучите во процесот на монтажа во телевизиска куќа или продукција како активен самостоен или тимски  учесник во создавањето на програмски целини или проекти. Ќе можете самостојно да изработувате проекти и дизајнирате комплексни синкретички продукти на атрактивната седма уметност. Ќе можете да изработувате музички спотови и рекламни клипови со соодветни програми за обработка на фотографија, текст, подвижна слика, тон и музика. Истовремено истите ќе можете форматно  да ги конвертирате за аплицирање во мрежни комуникациони системи.

Во наставата се користат најсовремени технички средства. Практичниот дел од обуката се извршува на актуелни проекти на Томато Продукција.

Долгогодишните и реномирани филмски работници Бранислав Поповиќ и Љупчо Трајковски ќе ве водат низ тајните на монтажата на слика и тон.

Вкупното времетраење на образовната програма Монтажер на слика и тон изнесува 36 училишни  часа. Во ова не се опфатени времето за изработка на домашните задачи и евентуалните индивидуални консултации.

Цената на курсот е 18000 денари.

По успешното завршување на курсот, на студентите им се издава сертификат за завршен курс.

За повеќе информации контактирајте не на atelje.ku@gmail.com

- Програмата  за курсот по Монтажа на слика и тон можете да ја превземете овде

- Услов за запишување на образовната програма Монтажер на слика и тон  е  завршено средно образование и базично познавање и работа со компјутер.

- Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде

 

Конкурсот е отворен до 10.03.2012 год. Предавањата започнуваат на 15.03.2012 год.

БИДИ КРЕАТИВЕН ... WWW.COV-EUBA.MK

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan