09-11-2016 19:34

Meѓународна соработка

Факултетот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот „Евро-Балкан“-Скопје и Филозофскиот факултет при Југоисточниот Универзитет „Неофит Рилски“ од Бугарија, на ден 8 ноември 2016 год. потпишаа договор за академска соработка.

Договорот го потишаа деканката на Факултетот за студии на Југоисточна Европа, проф. д-р Душка Матевска и  деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Борис Манов.

Универзитетот „Евро-Балкан“ беше претставуван и од директорот Јово Каровски, а дел од делегацијата беше и координаторот за проекти Симона Јосифовска. Во делегацијата на Филозофскиот факултет од Бугарија беа и професорките д-р Петја Пачкова и д-р Валентина Миленкова.

Со цел да се прошири соработката на повисоко ниво во сите академски области од заеднички интерес, факултетите се согласија да соработуваат на истражувачки проекти, да организираат заеднички академски и научни активности, како предавања, конференции, семинари, симпозиуми.

Универзитетот „Евро-Балкан“ тежнее да ги унапреди знаењата и креативноста преку меѓународно вмрежување на студентите и професорскиот кадар. Согласно тоа факултетите се договорија и за размена на истражувачи, професори, студенти, магистранти и административен персонал.

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan