22-11-2016 09:49

Подготвителни курсеви за полагање на меѓународните сертификати за познавање на англиски јазик TOEFL и IELTS.

Универзитетот „Евро-Балкан“ организира подготвителни курсеви за полагање на меѓународните сертификати за познавање на англиски јазик TOEFL и IELTS.

Предавачи на курсевите се Stephen E. Hardy, специјалист за TOEFL, одУниверзитетот во Масачусетс, САД и Елена Пренџова, лекторка на Универзитетот „Евро-Балкан“.

Подготвителните курсеви ќе се одржуваат во просториите на Универзитет „Евро-Балкан“ во периодот од 5 декември 2016 год. до средина на февруари, со пауза за време на празниците. 

Курсевите ќе се одржуваат два пати неделно (понеделник и вторник), по три академски часови на ден.

Начин на пријавување:

  • Вашите лични податоци (име, презиме и телефонски број) испратете ги на contact@euba.edu.mk

Рокот за пријавување - до 1 декември 2016 година.

Ценана курсевите:

  • Еднократно плаќање – 9.000 денари, или
  • Плаќање на две рати – по 5.000 денари

 

За повеќе информации контактирајте не на:

Mail -contact@euba.edu.mk;

Тел. Елена Пренџова 077-565-537;

Или посетете ги просториите на Универзитетот на бул. „Александар Македонски“ бр. 22.

Ве очекуваме!

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan