Институт за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ

 

Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ распишува дополнителен конкурс за запишување кандидати на втор циклус студии (последипломски) во Академската 2011 / 2012 година во следниве студиски програми:

  1. Студии на Југоисточна Европа
  2. Културни студии
  3. Византолошки студии

Конкурсот се распишува за следниот број непополнети места за запишување на втор циклус студии на Институтот „Евро-Балкан“:

-3 (три) места на Културни студии

-7 (седум) места на Студии на Југоисточна Европа

-4 (четири) места на Византолошки студии

Институтот „Евро-Балкан“ е научна установа запишана во регистарот на научни установи што ги води Министерството за образование и наука и е акредитиран за вршење настава за последипломски студии од областа на последипломски студии на Југоисточна Европа, последипломски културни студии, последипломски византолошки студии и последипломски родови студии (философија на родот и социологија на родот).

Студиите се организирани во согласност со европскиот систем за пренесување на кредити (ECTS), што овозможува едноставни процедури за вреднување и признавање на дипломите во странство. Институтот е член на европскиот универзитетски чартер Еразмус, што на студентите им нуди можност за кратки студиски престои на европските универзитети.

Студентите имаат пристап до богата библиотека која се обновува двапати годишно и им овозможува да бидат во тек со најсовремените дела и автори.

Од кандидатите се очекува да имаат одлично познавање на англискиот јазик.

Потребни документи за упис:

  • Диплома за завршено високо образование
  • Кратка биографија (CV)
  • Писмо за мотивација (150-300 збора)
  • Пријава со личен потпис за упис на последипломски студии на Институтот (пријавата можете да ја преземете овде)

Уписот трае до 15 февруари 2012 година

Документите може да се поднесат лично или по редовна пошта на адреса: Бул. „Партизански одреди“ бр. 63, 1000 Скопје.

Пријавата може да се поднесе и по електронска пошта на: poslediplomski@euba.edu.mk, но мора да биде придружена и со отпечатена и потпишана верзија во моментот кога се извршува уписот.

За дополнителни информации, посетете ја интернет страната на Институтот (www.euba.edu.mk) или обратете се на телефоните 02/3075570 (лок. 115 и 104) и 02/3090731 (лок. 115 и 104). Лица за контакт: Драгана Каровска Чемерска и Ивана Крајчиновиќ.

Copyright © 2010 EvroBalkan