Студиите на културата претставуваат академска дисциплина која е втемелена во почетокот на шеесетите години на 20. век, потикната од феномените на современата култура.
Последипломските студии на културата при Институтот Евро-Балкан имаат за цел да ги проучуваат културните феномени во различни општества, и се втемелени врз интердисциплинарен пристап, кој комбинира критичка теорија, социологија, културна географија, литерарна теорија, политичка економија, комуникологија, теорија на медиумите, социјална теорија, културна антропологија, философија, музејски студии, историја и критика на уметноста.
Последипломските студии на културата се занимаваат со односот на културните форми и облиците на моќта, проучувајќи ги актуелните промени во културата кои произлегуваат од различните социјални условености и спротиставените комуникациски стратегии и модели на репрезентација. Посебен фокус во наставните програми, семинарите, вежбите и дискусии во рамки на студиумот е ставен врз изучувањето на гореспоменативе феномени и прашања во контекстот на Југоисточна Европа и Балканот, со што се стреми кон креирање на ситуирано и контекстуално сензитивно знаење кое ги преиспитува, од локална перспектива, доминантните модели на знаења и теории.
Културните студии на Институтот „Евро-Балкан“ се фокусираат на подлабокото значење на културата во однос на идентитетот, глобализацијата, урбаната култура, но вклучуваат и истражување на културната историја. Предавањата ги вклучуваат предметите на историја на уметноста, антропологија, современа уметност, социологија, новите медиуми и комуникации, био-политика, итн. Притоа, студиите обезбедуваат интернационална перспектива и изучување како на високата култура, така и на популарната култура.
Раководител на студиската програма е Доц. Д-р. Иванка Апостолова
Координатор на студиската програма е М-р Јордан Шишовски
Во рамките на студиската програма, свои модули ќе понудат:
Доц. Д-р Иванка Апостолова, Доц. Д-р Бошко Караџов, Проф. Д-р Весна Матијашевиќ Покупец, Проф. Д-р Деспина Ангеловска, Доц. Д-р Софија Грандаковска, Проф. Д-р Мишко Шуваковиќ, Доц. Д-р Елена Стојкова, Доц. Д-р Панче Велков, Доц. Д-р Маја Ангеловска – Панова, Доц. Д-р Рубин Земон, Доц. Д-р Маја Мухиќ, Доц. Д-р Наум Пановски.
Соработници на студиската програма се:
М-р Станимир Панајотов, М-р Викторија Боровска, М-р Калина Лечевска, М-р Славчо Димитров, М-р Сеат Џигал, М-р Александра Велева, М-р Јордан Шишовски, М-р Јане Чаловски, М-р Бојана Јанева – Шемова, М-р Методи Чилиманов, М-р Душица Димитровска, Велимир Жерновски.
Програмата и описот на модулите за студиската програма Културни студии можете да ги видите овде
Листа на модули овде
Распоред на предавања овде