Мисијата на Одделот за визуелни и културни истражувања е да го промовира критичкото и трансдисциплинарно разбирање на културата во европски, регионален, национален и локален контекст. Преку своите активности Одделот ја подобрува комуникацијата и соработката помеѓу разните дисциплини и особено се фокусира врз процесите во културата и уметноста на Балканот и во Европа.
Одделот за визуелни и културни истражувања е позициониран на раскрсницата на теоретската рефлексија на културните феномени и различните практики на културната медијација. Целта на Одделот е да ги проучи релациите помеѓу уметноста, медиумите и општеството, преку интердисциплинарен и трансдисциплинарен пристап.
Програмата на теоретско и практично истражување обезбедува академски алатки за интерпретирање на културните продукти во различни медиуми преку процесите на креација, дисеминација и рецепција.
Изложбите, конференциите, работилниците, истражувачките проекти, предавањата, семинарите, перформансите, претставите и останатите активности се во функција на развивање на поширок форум за интерпретација и презентација на визуелните и културните теории и практики.