Институтот Евро-Балкан во соработка со најпознатите модни дизајнери во Македонија – Никола Ефтимов и Росица Мршиќ ви нудат единствена можност да бидете дел од специјализираните курсеви за моден дизајн, кои ќе ви овозможат совладување на тајните на модните категории, методологијата на дизајнирање на колекции и техниките на изведба на облека и модни додатоци.
За време на наставата ќе се запознаете со следните содржини:
- методите на дизајнирање на колекции што припаѓаат на различни категории на облека,
- изработка на модни книги за презентирање на дизајнерските проекти
- модна илустрација
- текстилната технологија
- текстилниот дизајн
- вовед во историјата на модната фотографија
- вовед во историјата на костимот и модата
- техники на изведба на облеката
- методите на дизајнирање на аксесоари за облека
- технологија на изработка на аксесоари
По совладувањето на образовната програма Моден дизајн студентите ќе можат да проектираат различни типови на колекција на облека и на модни додатоци, да презентираат дизајнерска работа во професионални книги, да изработуваат стајлинг за модна презентација, да изработуваат дизајни на ткаенина. Ќе можат да изработуваат модни илустрации, да прават технички цртежи, да прават основни кроеви за облека. Студентите ќе бидат оспособени за самостојна и тимска дизајнерска работа.
За најдобрите учесници во курсот, е овозможено учество со сопствено изработена колекција, на Skopje Fashion Week.
Наставата се одвива во целосно опремено ателје за моден дизајн, и работилница за изготвување на модните креации.
Вкупното времетраење на образовната програма Моден дизајн изнесува 52 училишни часа. Во ова е опфатено и времето за практична настава и изработка на сопствена колекција. По потреба модното ателје ќе биде на располагање на студентите и вон определеното време, за доизработка на индивидуалните проекти.
Цената на курсот е 18000 денари.
По успешното завршување на курсот, на студентите им се издава сертификат за завршен курс.
За повеќе информации контактирајте не на atelje.ku@gmail.com
- Програмата за
курсот по Моден дизајн можете да ја
превземете овде
- Услов за запишување на образовната програма Моден дизајн е
завршено средно образование и базично познавање и работа со компјутер.
- Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде