Тежнеејќи да ги оствари зацртаните цели, ОЛУ си ги постави следните приоритети:
- Промовирање на мултикултурното разбирање и развој;
- Промовирање на меѓугранична и регионална соработка, како и размена на знаење, идеи и искуства;
- Поддршка и градење на капацитетите на универзитетскиот кадар и на високообразовните институции во регионот;
- Промовирање на превенцијата на конфликтите, како и на нивното мирно разрешување;
- Охрабрување на регионалниот дијалог;
- Зајакнување на регионалната мобилност преку интеграрање со меѓународните институции за високо образование;
- Поттикнување на критичкото мислење;
- Негување на академска и индивидуална слобода;
- Градење на духот на заедништво, толеранција, соработка и солидарност;
- Зајакнување на улогата и придонесот на невладините и другите организации и здруженија во реформата на образованието;
- Умрежување заради поширока европска соработка;
- Справување со процесот на одлевање мозоци, преку стимулирање на младиот наставен кадар да ја продолжи кариерата на универзитетите во регионот.