“Евреите во Македонија и Холокаустот“, 2010/2011

Целта на проектот “Евреите во Македонија и Холокаустот“ е да се соберат што е можно повеќе документи поврзани со животите, судбините и културата на Евреите во Македонија со посебен осврт кон периодот на Холокаустот, како и да се истражат документите во функција на поставување изложбена поставка во музеите на Македонија. Следствено, недостатокот на документи го поставува развивањето на архивското истражување како императивно. Дел од материјалите кои се однесуваат на предметната материја на Холкаустот во Македонија се во Архивот на Македонија и се достапни. Меѓутоа, голем дел од материјалите се наоѓаат во архиви надвор од Македонија, како на пример, Берлин, Белград, Вашингтон и Москва. 

Проектот се стреми да ги истражи документарните материјали во архивите коишто сеуште не се истражени. Централниот интерес на проектот е насочен кон отворање на дискусијата за присутноста на еврејскиот дискурс како значаен инклузивен фактор во формирањето на историската и социо-културната слика на Македонија, а која што со периодот на Холокаустот несомнено добива нов изглед. Со тоа и присутноста на еврејскиот наратив стекнува ново читање низ прашањето: дали Холокаустот создава т.н. отсутно место за една од најдревните култури во светот ? 

Проектот се состои од научно истражување, курирање на изложба, продуцирање на двојачина публикација и електронска база на податоци. „Евреите во Македонија и Холокаустот“ е едногодишен истражувачки проект на Институтот за хуманистички и општествени истражувања „Евро Балкан” (Скопје, Македонија), поддржан од Education, Audiovisual and Culture Executive Agency (Брисел).

Copyright © 2010 EvroBalkan