Родовите студии претставуваат возбудлива и жива научна област, интердисциплинарно структурирана,  којашто во себе содржи различни дисциплини од областа на општествените и хуманистичките науки.  Философијата,  политичките науки,  психологијата,  социологијата,  литературата и културните студии, историјата, лингвистиката, антропологијата, економијата и правото се области кои студентот/ката може да одбере да ги изучува со цел да се разбере динамиката на односите меѓу мажите и жените,  во минатото,  сегашноста и иднината.  Родовите студии се занимаваат со прашањата за родовите улоги,  идентитетот,  статусот на жената и мажот во општеството и промените кои настануваат во различните периоди и на различни простори.

Во рамките на студиската програма, свои модули ќе понудат: Доц. д-р Софија Грандаковска, Проф. д-р Весна Матијашевиќ Покупец, Доц. д-р Маја Мухиќ, Доц. д-р Александра Николоска, Проф. д-р Елизабета Шелева, Доц. д-р Јелисавета Благојевиќ, Проф. д-р Даша Духачек, Проф. д-р Иван Џапаровски, Доц. д-р Деспина Ангеловска и др.

Програмата и описот на модулите за студиската програма Родови студии можете да ги видите овде

Листа на модули овде

Документите се во Portable Document Format. Програмата Acrobat Reader можете бесплатно да ја преземете овде

Copyright © 2010 EvroBalkan