Центарот
за високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус - Школа за
регионални студии, ги обединува наставните активности на Институтот.
Вклученоста на специфичната перспектива на Балканот (или Југоисточна Европа) е
составен дел од најголемиот дел истражувања спроведувани од Институтот и е
неизоставна компонента како на курикулумот и така и на приодот во наставата.
Овој избор е втемелен во епистемолошката и политичка проценка на
Наставно-научниот совет дека чувството за културно-политичкиот контекст
овозможува научна мисла која е поотчетна од гледна точка на нејзината
специфична позиција.
Институтот „Евро-Балкан“
од 2009 година е член на ЕРАЗМУС Универзитетскиот Чартер со број
257220-IC-2010-1-MK-ERASMUS-EUC-1.
Погледнете го Еразмус документот кој се однесува на можностите на мобилност кои ги нуди Институтот, овде
Институтот е акредитиран за вршење на настава за последипломски студии од областа на Родовите студии (Философија на род и Социологија на род), последипломски Студии на Југоисточна Европа, Византолошки студии и последипломски Студии на културата. Студиите на Југоисточна Европа, Родовите студии, Византолошките студии и Студиите на културата се интердисциплинарни последипломски програми, што значи дека нивното изучување подразбира взаемно испреплетување на теоретските и методолошките искуства од различни дисциплини од општествените и хуманистичките науки, како: философијата, политичките науки, историјата, социологијата, литературата, лингвистиката, етнологијата, антропологијата, но и од психологијата, правото, економијата и сл. Наставата ја изведуваат реноминирани професори од земјата и странство.
Распоред на предавања 2011/12
1. Студии на Југоисточна Европа
2.
Студии на културата
3. Византолошки студии